Сцената и камерите бараат шминка, а тоа им е добро познато на оние кои работат јавна професија и се пред камери.
Токму нив најмногу може да им дојде преку глава од тешката шминка и товарот кој го носат на лицето.
Младата пејачка Антониа Гиговска е свесна за тоа, па секој слободен момет го користи да се ослободи од шминката, особено кога температурите се повисоки.
Сведоци сме сите дека честопати гледаме девојки со шминка на плажа, а Антониа во оваа прилика преку една фотографија на која нема шминка им испрати порака на сите девојки и жени дека природни се најубави и напиша:
View this post on Instagram
-Само да ги поздравам и да ги потсетам сите девојки и жени дека се најубави природни, пишува Антониа.
Претходно повторно акцентираше на тоа дека е на одмор и дека не и треба шминка на лицето:
-Нема шминки, одмарам лице и душа, вели таа.
View this post on Instagram
Мора да се признае дека мајката природа и дала убавина, со или без шминка изгледа убаво, а веруваме дека со оваа објава ќе ги инспирира своите слледбенички да го следат нејзиниот пример.
фото:Инстаграм/Антониа гиговска