Антониа Гиговска сите ја паметиме по учеството во „Пинкови ѕвездички“ каде сите беа изненадени од нејзиното пеење.
Исто така, Гиговска учествуваше и мјузиколот „Тајно моја“, победи на „Макфест“, а исто така доби и неколку други награди.
Кога сте позната личност и сте дел од јавниот свет, често сте под будното око на јавноста, фоторепортерите и папараците.
Барем кога станува збор за регионот, поточно во соседна Србија каде што има и емисија „Папарцо лов“, а фоторепортерите често ги следат и ги снимаат познатите во несекојдневни изданија.
Оваа пракса почна да се практикува и кај нас, барем за сега.
Имено, екипата на естрадниот магазин „Ексклузив“ ја снимаше Анотниа Гиговска.
Пејачката заедно со своја другарка како и секоја нормална личност тргна во продавница, а потоа влезе во градски превоз поточно автобус, што можеби многумина би ги изненадило.