Фолк пејачката Ани Малникова не е веќе соло. Осум години по разводот, фолкерката влета во сериозна љубовна врска!
Фолкерката сега конечно може да се пофали со својот нов љубовен статус, откако на својот Фејсбук, нејзиниот актуелен партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во љубовна врска со пејачката, споделувајќи две фотографии покрај објавата. на едната обајцата во љубовна пргратка, а на другата ликот на пејачката, која инаку е родена кавадарчанка и е золва, (сестра на сопругот) на поп пејачката Наташа Малинкова, со која се како две најдобри другарки.
Без оглед на брачниот или љубовниот статус, Ани секогаш изгледала средена и стокмена:
„Јас сум сингл веќе осум години, помина доста време од разводот, но во ниту еден момент не си дозволив да не внимавам на себе, на физичкиот изглед, на формата која ја одржувам со спортување, на фризурата, шминката, гардеробата…
И кога бев во брак, и сега, јас сум задоволна со себе, се трудам секогаш да изгледам негувано. Жена сум, силна сум, можам се“ – ќе изјави неодамна Ани, која лани во август направила ботокc третман на лице, потоа следело затегнување на лицето и телото со колаген, ласерски третмани за коса и уште цела низа на мали задоволства, кои како што вели самата Малинкова, многу значат за секоја жена.
Од првиот брак таа има две ќерки, од кои постарата ќерка на Малинкова е втора година на факултет, а помалата бруцош, иако не кажа дали некоја од нив е на добар пат да ја наследи мајка си во нејзината професија, пеењето и музиката!?
Инаку, Ани Малинкова својата естрадна кариера ја започнува уште на 17 години, појавувајќи се во некои од тогаш култните емисии на Забавната програма на МТВ, како „Оваа сбота“ на легендарниот Димитар Масевски.
Настапувала на сите можни фолк фестивали, освојувала награди, признанија, благодарници, имала безброј настапи и во Македонија и надвор од неа во дијаспората, особено во прекуокеанските земји Америка, Канада, Австралија, каде живеат и работат и најмногу Македонци.
А дали новата „љубов за озбилно“ ќе потрае, или можеби ќе се круниса со нов брак, останува на времето да покаже, а атрактивната кавадарчанка да реши дали себеси ќе си даде „втора шанса“ за брачна реприза?!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Ani Malinkova