Актерката Анѓелка Прпиќ пред два дена тајно се омажи за својот избраник Марко Жугиќ, а свадбениот ручек го организирале во ресторан.
По тој повод Анѓелка го смени и презимето, па веќе не е актуелно она по кое досега беше препознатлива – Прпиќ.
Актерката, судејќи по нејзиниот Инстаграм, го вратила моминското презиме Стевиќ, а го земала на сопругот Жугиќ.
Инаку, Анѓелка го задржа презимето и по разводот со Дарио Прпиќ, но, сосема логично, сега реши да го смени.
Да потсетиме, интимната церемонија беше организирана во најголема тајност, што беше изречна желба на младенците, за се’ да помине далеку од очите на јавноста и медиумите.
Според изворот, гостите на свадбата ручале во ресторан сместен во скриен премин на Земунскиот пазар, што е нешто помеѓу „улична храна“ и ресторан.
Како што дознаваме, на свадбата и ручекот биле само неколку познати личности, меѓу нив водителката Марија Килибарда, актерката Ања Мандиќ, како и водителот Славко Белеслин.
Како што прво објави Телеграф.рс, актерката се породи во мај оваа година и роди ќерка која таа и нејзиниот сопруг и го дадоа името Чарна.
фото:Антонио Ахел АТА Images/ Принтскрин ТВ Прва