Откако се дозна дека е во блажена состојба, една од најхаризматичните актерки речиси секој ден ги краси насловните страници, секој нејзин чекор е следен, а јавноста е љубопитна да дознае како изгледа во седмиот месец од бременоста, како се справува со новата состојба и на какви активности е изложена откако во семејниот дом ќе пристигне бебето.
Романтичното патување на Анѓелка Прпиќ, кое токму поради оваа причина реши да го продолжи со својот избраник, привлече големо внимание, а фотографиите на нејзиниот Инстаграм предизвикаа лавина од коментари кај следбениците.
Актерката во последно време често не уверуваше дека е активна трудница, дека ништо не и е тешко и дека бременоста и е многу пријатна, а токму тоа е случај и овој пат, а сведоци сме дека Анѓелка е решена да се посвети максимално на уживање во најубавиот период од нејзиниот живот.
Патувањето на Анѓелка Прпиќ е одмор за нејзината душа и тело, а она што е видливо и низ камерата е дека убавата трудница е исполнета на секое поле и дека зрачи со посебна енергија, а комплиментите за нејзиниот изглед исто така не изостанаа и сите се согласуваат дека бремената мајка изгледа подобро од било кога.
Фото: Принтскрин/Инстаграм