Анета Мицевска или Анета Молика не е од оние корисници кои висат на социјалните мрежи и често да објавува постови од својот живот.
Таа најчесто знае да сподели кога нешто е поврзано со музиката или со нејзините музички ангажмани.
Изминатиот период бидејќи нема настапи поради короната, Анета го искористи слободното време за физички активности и да се стави на режим според програма на нутриционист.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-aneta-molika-se-frli-na-sportuvanje-vo-zdravo-telo-zdrav-duh/
Меѓутоа, деновиве, во домот на пејачката имаше убав повод за славење за кој не издржа да не се пофали на социјалните мрежи.
Имено, нејзината ќерка Моника наполни 18 години. По тој повод, Анета и се обрати на „Инстаграм стори“.
„Ти си мое се’ и затоа ти посакувам се најдобро во животот. Патот кон среќата секогаш да ти биде чист како солза и знај дека има некој покрај тебе. Среќна 18-ка најмила моја“, напиша пејачката.
Среќен роденден и честито полнолество.