Веруваме дека намногумина им треба време да помислат за кого точно станува збор кога ќе се каже Анета Љуманковска, но тоа е попозната за сите Анета „Молика“ Мицевска, сега веќе екс.
Откако се раздели од Џими Мицевски по две ипол децении брак, Анета верна остана на музиката, но и на публиката која ја ангжирала како пејачка на „Молика“ се до месец август следната 2024 година.
Таа, а исто и сега веќе поранешниот сопруг веќе изјавија во медиумите дека сите настапи како Анета и „Молика“ ќе бидат испочитувани. Договор е дововор, па Анета останува лојална на колгите музичари и секако публиката која ја ангажирала претходно да ја гледа и слуша заедно со „Молика“.
Со големите промени автоматски се прилепуваат нови гледишта, ставови, желби, побарувачки, понуди…
Анета е доста активна на Инстаграм каде откри дека деновиве е во студиото „Анастасија“.
Таму ја сними новата песна под наслов „Жива“, чии автори се Сашко Велков која ја компонирал музиката и го направил аранжманот и Анита Даева, која ги напишала стиховите за песната.
Покрај тоа најави и настап со ново инструментално засилување зад себе и тоа бенд од Тетово со кои ќе пее на еден настап во месец декември.
Анета е отворена за промени, тука е за сите кои и одговараат, а и таа ним. Едно останува исто желбата за песна, добра забава и секако заработка од она што е нејзината примарна егзистенција од која живее години наназад.
фото:Инстаграм принтскрин/Анета Љумантковска/Молика