Радио Милева

Анџелина Џоли и Бред Пит донесоа одлука која ќе ви воодушеви фановите

Анџелина Џоли и Бред Пит донесоа одлука која ќе ви воодушеви фановите

Откако пред две години поднесоа документи за развод, Анџелина Џоли и Бред Пит донеле заедничка одлука, пренесуваат странските медиуми.

Наводно, двајцата се подготвени да се договорат за старателството на децата бидејќи сфатиле дека нивниот лош однос им штети на нивните деца.

Иако Анџелина се обидуваше да го спречи Бред Пит да поминува повеќе време со децата изгледа работите ќе се променат.

Со оглед на тоа дека не потпишале предбрачен договор, не е познато како Анџелина и Бред ќе го расподелат имотот.

„Како и да заврши, никој нема да биде победник“ изјави извор за „US Weekly“.

За потсетување, Анџелина и Бред се венчаа во 2014 година.

To top