Радио Милева едноставно совршено

Андријана Петрушовска е топ пејачка, ама и неоткриен топ модел: „Ѕвездата на Гранд“ како огнен Феникс во фустан од кој остава без здив (фото)

Андријана Петрушовска  е топ пејачка, ама и неоткриен топ модел: „Ѕвездата на Гранд“ како огнен Феникс во фустан од кој остава без здив (фото)

Македонија преку своите импресивно талентирани кандидати, секоја година доминира во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Успехот оди дотаму што не е реткост и чудо победникот да биде наш, како што се случи и минатата сезона, а во актуелната и најнова се чини дека сме во фокус повеќе од кога било.

Редовно пофалени, поласкани, акцентирани како финалисти и без да дојдат до кулминација.

Атрактивната скопјанка Андријана Петрушовска редовно пали и жари на големата „Гранд“ сцена, а бидејќи веќе докажана од минатата сезона како финалистка, од неа постојано се очекува да биде на врвот.

Она што е поразлично оваа сезона е тоа што не само што воодушевува вокално, таа изгледа како милион долари, особено откако склучи модна соработка со македонската модна куќа „Елена Лука“ кои се грижат за нејзиниот перфектно компактен тематски моден сценски израз.

За тоа како ќе изгледа претстојната сабота во шестиот круг, видовме неодамна кога и самата откри дека почнува нова модна етапа кога изгледот на сцена е во прашање.

Па така, за тоа дека е врвна вокално, веќе редовно потврдува и жирито, а сега Андријана покажа дека не само како пејачка, туку може да биде и одличен модел од најновата фотосесија.

Во нејзнините најнови објави таа носи уникатна крација на тоалета од пердуви, модно уметничко дело кое инспирацијата ја црпи од Фениксот, а Андријана и тоа како знае да го презентира во полн сјај.

А кога креацијата и моделот совршено ќе се спојат, резултатот е огнен!

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska

To top