Во време на изолација речиси сите се активираа на социјалните мрежи, па објавите од дома, станаа се почести. Андријана Јаневска неодамна објави фотографија на која е ултра секси во црвен фустан, пробувајќи го онака за по дома.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dolgi-goli-noze-i-visok-shlic-andrijana-javevska-so-provokacija-od-domashna-izolacija-foto/
Овој пат, нејзината следна објава е емотивна и посветена на татка си кој го покажа пред следбениците по повод на неговиот роденден.
Среќен роденден, тато! Фала ти што ме носеше на музичко, на ќебапчиња во чаршија, на Матка за викенди, на Олимписки базен… Фала ти што ме научи да пливам, да учам, да го сакам школото, да ја сакам природата, да ги сакам и чувам животните и цвеќињата, да ги почитувам родителите, да бидам блиска со брат ми и сестра ми. Фала ти што што ме научи да возам велосипед и кола, да бидам самостојна, да не се плашам од предизвици, да не се плашам од ништо. Фала ти што ми пееше пред спиење секоја ноќ кога бев мала. Фала ти што ме научи да бидам човек -пипува Јаневска, а притоа објави и заедничка фотографија со нејзиниот татко.
Коментарите со честитки за среќен роденден се нижеа, а на некои особено им се допадна она што го напиша Андријана.