Радио Милева

Андреј Атијас по разделбата сака да се помири со Анабела, а откри и дека повеќе фактори биле пресудни за нивниот крај

Андреј Атијас по разделбата сака да се помири со Анабела, а откри и дека повеќе фактори биле пресудни за нивниот крај

Пејачката Анабела Буква и бизнисменот Андреј Атијас пред повеќе од еден месец ставија крај на седумгодишниот брак, а српските медиуми шпекулираат за причината зошто се одлучиле за крај на заедницата.

Во интервју за босански портал, Андреј Атијас изјави што всушност предизвикало распад на нивниот брак.

– За седумте години од нашиот брак, се сеќавам само на најубавите нешта. Она што беше грдо беше од страна на медиумите или од други луѓе, хејтерите. Немавме проблеми во бракот. Да не беше јавна личност, ќе беше поинаку – изјави Андреј за босанските медиуми, додавајќи:

фото:инстаграм

– За одлуката за развод пресуди медиумскиот притисок, други луѓе, фанови, хејтери.

На прашањето дали има шанса да се помири со неговата поранешна сопруга, тој вели:

– Постои желба за помирување, но мислам дека е невозможно, завршува сега екс-сопругот на пејачката.

To top