Промотер

Андреа со вас визуелно ќе ја сподели својата – „Телепатија“ (ВИДЕО)

Андреа со вас визуелно ќе ја сподели својата –  „Телепатија“ (ВИДЕО)

Последната македонска евровизиска претставничка Андреа Коевска сега го промовираше спотот за песната „Телепатија“ со која се престави на последниот „Макфест 2022“.

По лирик видеото кое излезе веднаш по фестивалската изведба, можеби со извесно задцнување, но сепак македонската пејачка деновиве го промовираше спотот за фестивалската песна која е комплетно авторско дело на композиторот и продуцент Александар Масевски.

„Работев навистина напорно за да создадам визуелно искуство што оди рака под рака со песната и навистина сум возбудена што можам да ј споделам со вас“ – вели Андреа промовирајќи ја псната на Јутјуб каналот и социјалните мрежи.

Потсетете се како звучи погледнета како е визуелирана макфесовската „Телепатија“ на Андреа, во видото во породолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top