Промотер

Андреа со песната „Circles“ ќе ја преставува Македонија на Евровизија (ВИДЕО)

Андреа со песната „Circles“ ќе ја преставува Македонија на Евровизија (ВИДЕО)

На МРТ 1 вчеравечер, 04 февруари 2022 година во емисијата  „Стисни Плеј“ беше избран македонскиот евровизиски претставник, а победата ја однесе Андреа со песната „Circles“.

Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови на специјалнокреираната платформа за гласање. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музички имиња, кои претходно беа избрани како финалисти на конкурсот кој го распиша МРТ.

„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ – напиша Андреа на социјалните мрежи.

Изборот се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Тркатаза  прво место беше до крај незивесна и изедначена помеѓу Андреа и Виктор Апостоловски и неговата „Супермен“, но според правилата на гласањето, Андреа е претставникот на Евровизија бидејќи доби повеќе гласови од стручното жири.

Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот – Александар Масевски и Андреа Коевска.

To top