20 годишната Андреа е новото пејачко име кое уште со првата песна направи вистински бум не само во Македонија, туку и надвор од неа. По само две недели од излегувањето на синглот „I know“, песната почна да се пушта по радиостаниците во 15 европски земји, САД, Јужна Америка, Јужна Африка… Нејзиниот исклучителен вокал го забележал токму композиторот Александар Масевски, кој младата пејачка ќе ја зеде „под свое“, така што Андреа неодамна го издаде и својот нов сингл, одново отпеан на англиски јазик.
Темата овој пат носи наслов „I Don’t Know Your Name“, и во неа таа одново на најдобар начин ги истакнува своите моќни вокални способности. За неа е снимено и видео во кое главен лик е македонската балерина Стефанија Гаштарска, единствената Македонка која е дел од ансамблот на големата „Бољшој балетска академија“.
Новата песна на Андреа можете да ја слушнете и на сите онлајн музички платформи.
Композитор, аранжер и музички продуцент на песната е Александар Масевски, кој ги напишал и стиховите, додека мастерингот го направил Дариус Ван Хелфтерен.
Режијата на видеоспотот ја потпишува Владимир Митревски – Ѓуле, а зад него стои продукцијата „Фокус филм“. Проследете како сето тоа извучи и изгледа:
https://www.youtube.com/watch?v=toVm99dQiMs&feature=emb_logo