Промотер

Андреа Бочели за прв пат запеа во дует со својот син Матео – „Fall On Me“ (ВИДЕО)

Андреа Бочели за прв пат запеа во дует со својот син Матео – „Fall On Me“ (ВИДЕО)

Секој кој е родител, секој што ја знае скапоцената одговорност да се биде мајка или татко, целосно ќе го сфати значењето на ова дело. “Fall On Me” е првпат да запеам во дует со мојот син Матео Бочели“ – напишал во појаснувањето под песната која светски познатиот оперски тенор ја промовираше заедно со видеото во јавноста на 22 септември, 2018 година.

Бочели кој како дете од последица при играње фудбал добил мозочно крварњење и ослепел на 12 годишна возраст стана светски познат оперски уметник, кој никогаш не говорел отворено за својот инвалидитет.  Интернационалната слава ја стекна во Во 1996 година во Германија кога заедно со познатиот сопран Сара Брајтман ја испеа англиската верзија на „ Con Te Partiro“, насловена како „Time to say goodbye“, кршејќи ги рекордите за продажба и останувајќи на германската топ 10 листа речиси половина година.

Подоцна пеел во дует со многу други, повеќе или помалку познати музички имиња, но ова е за прв пат да запее со својот син Матео, за кој смета дека е доволно созреан да застане рамо до рамо со него.

Инаку музиката за темата “Fall On Me” ја напишале Иан Аксел и Чад Вакарино, стиховите исто така овој тандем на кој им помогнале младиот Матео Бочели и Фортунато Зампалијоне,  додека миксот и продукцијата ги потпишува светски познатиот продуцент Боб Езрин!

Видеоспотот пак го уредил и режирал Гаетано Морбиоли, а како звучи и изгледа кога Бочели – светски познатиот татко и синот кој допрва зачекорува на оперската сцена за прв пат ќе запеат заедно, проследете во продолжение:

 

To top