Популарната српска пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, откри дека би сакала да се посвети на семејството и да ја стави на пауза својата музичка кариера, бидејќи сака малку да се одмори.
Атрактивната бринета истакна дека се нервира кога ги следи натпреварите на српската фудбалска репрезентација, бидејќи страсно навива, особено кога игра нејзиното момче Немања Гудељ.
– Се нервирам, особено поради некоја глупава грешка – откри Анастасија Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Популарната пејачка ги кажа своите планови, како и дека сака да се одмори од настапи.
– За да имам деца, претпоставувам. Да бидам малку дома и да не правиме ништо – вели Анастасија, на што Цеца ја прекина:
– Тоа ти е целта?! А кариера? – се збуни мама Светлана.
View this post on Instagram
– Па, тогаш можам да одморам, кој ќе го издржи ова темпо – одговори Анастасија во шоуо „Цеца и децата“, што гледачите имаат можност на Блиц Тв да го гледаат секој петок.
фото:Инстаграм/Анастасија ражнатовиќ/принтскрин