Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 21 роденден.
Младата пејачка која моментално ужива на грчкиот остров Миконос преку социјалните мрежи доби еден куп честитки, а таа на своите фанови и следбеници исто така им се заблагодари преку Инстаграм.
„Ви благодарам на честитките. Многу сум благодарна што ве имам и што секојдневно ме подржувате и секогаш покажувате љубов кон мене. Не можам на сите поедничено да одговрам бидејќи ве има премногу. Ви благодарам“ напиша Анастасија.
Покрај честитките Ражнатовиќ објави и секси фотографии во минијатурно бикини, па освен честитки доби и комплименти за нејзиниот изглед.
Цеца со емотивна порака и го честиташе роденденот на својата ќерка.
Таа објави фотографија од Анастасија кога била мала, а во описот напиша:
„Мојата кралица денес наполни 21 година“, напиша Цеца.