Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ неодамна ја споделија веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста е прекината, за што синоќа тој ја информираше јавноста.
– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине – напиша синоќа фудбалерот на својот Инстаграм профил.
Анастасија веднаш потоа го деактивираше својот профил на Инстаграм, па целосно се повлече од јавноста сакајќи тешкиот период да го помине со Немања и со поддршка од најблиските.
Нејзината последна објава беше пред неколку дена, кога славеше роденден. Анастасија потоа објави серија „стори“, каде нејзините фанови направија видеа по повод нејзиниот 25-ти роденден. Немања Гудељ потоа на својата сакана и приреди незаборавно изненадување. Имено, тој ја изненади Анастасија со торта на која е испишан бројот 25, а потоа со шарени балони и плишани играчки.
– Те сакам – напишала тогаш во описот на објавата.
фото:Инстаграм принтскрин