Радио Милева сензитивно

Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето, а Немања јавно се огласи за загубата: „Ова е тажен и болен момент за нас“ (фото)

Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето, а Немања јавно се огласи за загубата: „Ова е тажен и болен момент за нас“ (фото)

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ го изгубија бебето. Тажната вест ја соопшти српскиот репрезентативец на својот Инстаграм-профил.

„Со вас споделивме добри вести и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Севиља на социјалните мрежи.

Анастасија чекаше девојче, а информацијата дека е бремена ја сподели неодамна и тоа дека е во петтиот месец од бременоста. Фудбалерот и пејачката за да ги сопрат шпекулациите околу оваа сензитивна тема решија веднаш да откријат како стојат нештата.

To top