Радио Милева

Анабела призна дека многу страда поради разводот со Андреј: „Погребете ме со песната „Десет млаџа“ од Дино Мерлин

Анабела призна дека многу страда поради разводот со Андреј: „Погребете ме со песната „Десет млаџа“ од Дино Мерлин
фото: информер

Анабела Атијас во интервју за „Информер“ откри дека многу страда поради разводот со Андреј Атијас. Популарната пејачка е толку депресивна што дури размислува и за погреб, пишува Инфомер.

„Знам со која песна ќе бидам погребана, а една од нив ќе биде „Десет млаџа“. Целата песна го објаснува мојот живот и многу ми  е драга.

Дали таа песна го опишува твојот живот со поранешниот сопруг Андреј од кого неодамна се разведе?

„Секако, на него му го посветувам овој дел од песната: „Види ја оваа ѕвезда, види ги остварените желби,ова кино на соништа го нарекуваат фантазија. Сега помина најлошото, зошто му го подготвуваш тоа“. Инатот ме одржа во животот, но не кон другите туку кон себе. Си велам: „Не те уби ова ни на 3, ни на 7, ни на 13 ,ни 17 години, па нема ни сега“. Поминав и низ лоши работи. Но, знам дека ме чекаат и убави работи.Модната креаторка Владанка по некој кинески –јапонски хороскоп ми кажа дека моето време доаѓа по 45тата година. Тоа е за неколку месеци“ вели Анабела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anabela (@anabelci) on


На прашањето дали ќе се мажи по трети пат, пејачката вели:

„Сфатив дека тој лист хартија не вреди. Поточно, тоа го потврдив двапти. Сакам повторно да се заљубам и да сакам, но не верувам дека повторно ќе кажам „да“, тврди пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anabela (@anabelci) on

На прашањето кој момент бил пресуден за да донесе одлука да се разведе, Анабела вели:

„Двајцата разговараме за тоа и заклучивме дека тој лист хартија можеби расипа се. Ќе видиме како ќе биде сега кога сме разведени. Шегата на страна, немавме пресуден момент, тоа траше и си дојде само по себе“ вели Анабела за „Информер“.

Таа исто така потенцираше дека и учеството на Луна во реално шоу имало влијание врз неа бидјеќи неколку пати се чувствувала бесно, луто, разочарно.

Останати вести од Радио Милева