Талентот, поривот, желбите и вистинската намера кон нештата ја однесоа младата пејачка Ања Ветерова да студира музика на Беркли во САД каде и дипломираше, а со тоа таа веќе целосно се адаптираше на американскиот живот.
Македонија секако не ја заборава, тука е нејзниното семејство, но новиот живот, новите навики, пријателите и се далеку преку „барата“.
Ања постојано е активна на социјалните мрежи од каде може да се видат сите нејзини активности и новитети поврзани на приватен и музички план. Не ретко е расположена да покаже нешто повеќе, а овој пат по повод роденденот објави една секси фотографија во нејзин стил.
Провокативна и примамлива за поглед и разгорување на машката фантазија.
Ања облечена во жолта долна облека од тантела, корсерт и гаќички кои се гледаат делумно од спуштените фармерки, сосема доволно за провокација која ја скокотка љубопитноста за уште повеќе и подолу…
Сепак, нештата останаа таму, на тоа ниво, а Ања замина на концерт да слави со пријателите за уште една година плус искуство во животот.
Торта и здравица за уште многу вакви убави моменти и мигови за паметење.
Среќен роденден!