Вистаграм

Ана Трајковска – девојката која е годинешното заштитно лице на МАРС

Ана Трајковска – девојката која е годинешното заштитно лице на МАРС

Годинава на 14-ти ноември во МОБ ќе се одржи јубилејното 10-то издание на реномираниот Македонски радиски фестивал или попознат како МАРС.

Секоја од изминатите години насловниот плакат го красеа македонски убавици, а овој пат таа улога и припадна на Ана Трајковска која е студентка по економија и идна банкарка, а пошироката јавност ја запозна од спотот на Лозано за „Ова лето ќе се памти“.

Освен студиите кои се нејзината главна преокупација, убавата Ана е и фото модел.

Извајаното тело, убавото лице, полните усни и долгата црна коса се нејзиниот заштитен знак. За себе вели дека убавото тело го одржува со вежбање и за неа нема поубаво чувство од она по тренинг.

Дека навистина се чувствува така од спортувањето и одржувањето на линијата, докажуваат фотографиите на кои блеска од убавина, сексапил и самодоверба. Уживајте во глетката од убавината на ова наше македонско девојче чие лице го краси и е симбол за годишениот МАРС.

To top