Радио Милева и ја уништија замислата?

Ана Стојанова таман се спреми на сопругот да му даде роденденски подарок, тие и чукнаа на врата: Среде прослава, другарките фитнес инструкторката ја „сецнаа“… на најслаткото!? (ФОТО)

Ана Стојанова таман се спреми на сопругот да му даде роденденски подарок, тие и чукнаа на врата: Среде прослава, другарките фитнес инструкторката  ја „сецнаа“… на најслаткото!? (ФОТО)

Веројатно најпознатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, сексапилната Ана Стојанова летово максимално го користи за полнење на батериите, собирање сили за новите предизвици и авантури што неа и нејзината верна армија следбенички, таканаречените „Праскички“ ги очекува.

Откако ја завршија „Малдиви едицијата“, Ана и „Праскичките“ сега се подготвуваат за новата, на море во Шпанија, Италија, Франција, по Азурниот брег?!

Во меѓувреме „неуморната“ инструкторка реши да си даде себе си малку оддишка и да се паркира некаде во ладовина, па изборот падна на македонскиот бисер Охрид.

Покрај сите летни предизвици што ги остварува, Ана Стојанова е сама по себе предизвик кога летува. Визуелен за околината кога  надарената велешанка ќе се соблече по бикини споделувајќи ги сите свои телесни убавини со околината, на која и приредува празник за очи.

Од друга страна, покрај сето останато и опипливо задоволство за нејзиниот тазе сопруг Кирил, кој е среќникот во чии прегратки заспива и се буди бомбастичната убавица.

И додека деновиве заедно летуваа, датумот се поклопи со задоволството, зашто сопругот на инструкторката го дочека „денот што го чекаме цела година“. Всушност, тој и неговата понежна половина го дочекаа заедно, а има ли нешто поубаво од летна романтична роденденска честитка на зајдисонце  во вид на сочен бакнеж… Колку за почеток!

Зашто она главното доаѓа подоцна. Најубавите и најслатки работи секогаш се чуваат за крај, па така, по честитката на зајдисонце, роденденскиот подарок за нејзиниот сакан сопруг, Ана го чуваше за на полна месечина. Зајдисонцето можеби нуди магична глетка, но само за добра фотографија, ама затоа ноќта има многу поволшебна моќ да ги „сплоти“  желбите и разгори страстите.

Особено кога за тоа има повод плус, тогаш роденденскиот подарок  гарантира дека некој ќе биде бескрајно (у)среќен и тоа…  на „обострано задоволство“!

Замислата одлична, реализацијата на чекор да успее, арно ама… Ана Стојанова таман се спреми на споругот да му даде роденденски подарок, тие и чукнаа на вратата од хотелската соба… Другарките фитнес инструкторката среде прослава ја „сецнаа“… И тоа на најслаткото!?

Славеникот фатен во небрано, сакал нејќел што да прави,  морал по гаќи да ги дува роденденските свеќи, додека тече онаа познатата „Happy birthday…“, а инструкторката…

Инструктурката гола зад вратата, немајќи каде, само ѕирна и нешто довикна, откако  другарките и ја „уништија“ предиграта и среде прослава ја „сецнаа“… на најслаткото!?

Како и да е роденденска журка во хотелската соба потоа сепак имало… И тоа колективна!

Дали по журката имало и „афтерпарти“ во четири очи со роденденски подарок од втор обид… знае само инструкторката и нејзината посилна половина!

Фото: Инстаграм/annstojanova

 

 

To top