Пејачката Ана Севиќ се породи на почетокот на месецот, а сега на Инстаграм ја објави првата фотографија од наследникот на Симеон.
Ана го фотографираше својот син кој лежи во креветче, а посебно внимание привлече еден детаљ – а тоа е дека малиот Симеон е облечен во боди на кое е претставен најпознатиот лик на Дизни – Мики Маус, но постелнината и сите други работи во ист дезен.
„Нашиот Симеон“, додаде таа емотикон на сино срце и детелина со четири листа.
Под објавата добила грст убави коментари: „Нека е жив и здрав“, „Среќен сине, браво кралице, мило ми е“, „Прекрасно, честитки“ …
Да потсетиме, Ана се породи на почетокот на март и го роди своето трето дете, овој пат по две девојчиња, машко.
На излегувањето од породилиштето, пејачката на медиумите им откри како решиле да го именуваат наследникот.
– Прекрасно сум, прекрасен е, најубав. Бебето е супер, се вика Симеон – изјавила Ана.
фото:инстаграм/ана севиќ