Пејачката Ана Николиќ важи за миленичка на публиката поради искреноста, чистото срце и непосредноста со која со години плени на српската естрада, а овој пат со својата фотографија предизвика лавина коментари.
Имено, популарната бринета ги известила своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм дека е во болница.
Сите кои ја сакаат пејачката испратија низа позитивни коментари, а емотивната фотографија и песна на Здравко Чолиќ „Као моја мати“ ги разнежни сите.
View this post on Instagram
Ана Николиќ сподели фотографија на која во раце ја држи ќерката Тара, на која се гледа дека пејачката е загрижена за здравјето на својата наследничка.
– Тоа е љубов! Го чекаме шишето и нашиот лекар – напишала накратко пејачката.
Веруваме дека на малата Тара се’ ќе и пројде многу брзо, а мама ќе се пофали со убава вест.
фото:Инстаграм/Ана Николиќ