Ана Николиќ и Аца Лукас пред неколку години ги вкрстија гласовите за нивната дуетска песна „Шизофренија“, а сега повторно ја „оживеаја“ во ново руво. Ана за емисијата „Ексклузив“ откри дека никој од нив не ги знаел зборовите на песната, но дека брзо се снашле.
– Јас и Лукас конечно еднаш во животот ја испеавме нашата песна „Шизофренија“, која ја снимивме пред 10 години, но тајната е во тоа што сега ја снимивме на лице место, бидејќи никој не ги знаеше ниту текстот, ниту акордите. Лукас е генијалец на клавирот, ја симна за две минути па ја отпеавме.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тв Пинк