Ана Николиќ го прослави својот 41 роденден, а на забавата се појави и фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.
Познатата пејачка сподели дел од атмосферата и откри како колешките се забавуваат на забавата.
Имено, Цеца на својот „Инстаграм“ објави фотографија заедно со Николиќ, а во описот напиша: Среќен роденден, бебе.
Инаку, најубавото и најслаткото изненадување Ана го доби од својата ќерка Тара.
„Мојот најубав роденден досега….кога мојата ќерка Тара ме разбуди да ми честита и почна да ме бакнува. Денес, јас сум најсреќната жена на светот“ напиша пејачката.
„Среќен роденден, мамо. Те сака Тара“, пишува на честитката.
За потсетување, Николиќ се раведе од сопругот Стефан Ѓуришиќ Раста, а од бракот ја имаат ќерката Тара.