Радио Милева

Александра Пријовиќ тргна по стапките на Лепа Брена: Пејачката станува актерка – доби улога во оваа серија

Александра Пријовиќ тргна по стапките на Лепа Брена: Пејачката станува актерка – доби улога во оваа серија

Александра Пријовиќ важи за една од најмладите пејачки  во регионот, и гради успешна музичка кариера.

Иако се породи во март и го доби синот Александар, пејачката не чекаше долго време да се врати на музичките активности.

Имено, неодамна издаде две нови песни кои наидоа на одличен прием кај публиката, а сега продолжува и со други активности.

Четвртата сезона на серијата „Убиецот на мојот татко“ („Убица мога оца“) ќе биде уште повозбудлива, а пејачката доби  улога во оваа серија.

фото: рас србија

Пријовиќ ќе ја игра улогата на пејачката Миле и ќе се најде рамо до рамо со актерите Бане Томашевиќ, Вук Костиќ, Милена Васиќ и Марко Јанкетиќ со кои има заеднички сцени.

Пријовиќ не го криела задоволството што ќе биде дел од оваа серија.

фото: Промо

„Бев воодушевена кога ме поканија да глумам во „Убиецот на мојот татко“. Освен тоа голема ми е чест да глумам со нашите познати актери, морам да признам дека ова ми е голем предизвик. Одлично се снајдов, а за деталите не можем да зборувам“ вели Александра за „Блиц“.

фото: владимир шпорчиќ

Нејзиниот сопруг Филип и рекол да прифати да се појави во серијата, а нејѕината кума Јелисивета и помогнала при подготвувањето на улогата.

За потсетување, Лепа Брена на почетокот на 80тите се појави како актерка и има снимено три дела од филмот “Хајде да се волимо“, па дали Пријовиќ побарала совети од Брена не знаеме, а како ќе се снајде како актерка останува да видиме.

фото: Принтскрин
To top