Пејачката Александра Пријовиќ во наредните три дена ќе одржува концерти во сараевска Зетра, а сега на своите обожаватели им откри дека почнала со подготовките.
Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како многу возбудена влегува во Зетра, а уште повеќе ја радува фактот што во Сараево пристигна со синот Александар.
Наследникот тргна по нејзините стапки и со голема возбуда скока покрај мајка си, што остава впечаток дека овој пат можеби ќе се појави со неа на сцената.
Да потсетиме, Александра на белградскиот концерт најави дека на подиумот ќе и се придружи и нејзиниот наследник, но тоа сепак не се случи.
Инаку, Прија по три концерти во Белград ја очекуваат уште три во Сараево, пет во Загреб, три во Ниш и еден во Тузла.
фото:ATA Images/Instagram printskrin