Во маестралноста и квалитетите на пејачката Александра Јанева досега се имаме уверено многупати. Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена, тоа го потврдува и публиката која редовно сака да ја слуша талентираната струмичанка.
Александра Јанева овој пат на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се”, а со својот глас и чиста емоција никого не остави рамнодушен.
Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин “Бекстејџ”, Јанева изјави дека го чекала вистинскиот момент да ја овјави оваа песна која во фиока повеќе од една година, песна базирана врз вистинска приказна.
Утрото ќе промени се’ зборува за тоа дека некогаш е подобро да кажете не, и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје.Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не, и да се борам за она кое што е добро. Затоа што кога ќе го научите тоа ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е.