Поп -пејачот Александар Тарабунов на неодамна одржаниот фестивал на забавна мелодија Макфест 2017 се претстави со песната „Ако заминеш“.
Тара речиси никогаш не ги пропушта фестивалите, а и за овој, настапи со песна во неговиот препознатлив музички сензибилитет, која по реакциите доста и се допадна на публиката.
Музиката и текстот ги потпишува Ристо Самарџиев, додека аранжманот е на Владимир Дојчиновски.
Доколку го пропуштивте настапот на Тара, во продолжение слушнете ја неговата „Ако заминеш“ од настапот на Макфест 2017.
https://www.youtube.com/watch?v=T7_p16qlers&feature=share