Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и македонскиот кандидат Александар Јосифовиски од Охрид.
Александар е под менторство на Ѓорѓе Давид со кој заедно се подготвуваа за неговите изведби.
Јосифовски се најде во дуел со Бошко Николиќ од Сурчин.
Македонецот се претстави со песните „Црна дама“ и „Битанга и принцеза“, додека Бошко се претстави со две народни песни „А некад је долазила стално“ и „Ти мене не волиш“.
Двајцата кандидати ги освоија сите шест гласови што значи дека директно поминаа во следниот круг.
Жирито имаше пофални зборови за Јосифовски.
„Tи од круг во круг бираш се’ потешки песни. Треба да постои посебен круг во кој ќе се натрпеваруваат кандидатите со најтешки песни.Неприродно е тој да биде во ист ќош како со некој кој пее песничка и ќе помине на среќа. Ова е кандидат кој вечерва звучеше како од албум, како да сме пуштиле ЦД“, истакна Карлеуша.
Убави зборови имаше и Марија Шерифовиќ:
„Баш беше по мој вкус. Се направи како што треба. И ова некаде е мерка. Како се однесувап, се’, се’ ми беше топ“, истакна Шерифовиќ.
Неговиот настап може да го погледнете на видеото подолу на 1: 56: 30.