Радио Милева Среќна двојка

Александар Белов ја објави преслатката ќеркичка Мина која наполни два месеци (фото)

Александар Белов ја објави преслатката ќеркичка Мина која наполни два месеци (фото)

Во месец јануари поп- пејачот Александар Белов и неговата сопруга Јелена за првпат се остварија во улогата на родители и ја добија ќеркичката Мина.

Времето си лета, децата си растат, а бебенцето на Белов веќе наполни два месеци. Како што практикуваат повеќето родители, така и Александар и Јелена ја фотографираа Мина со симболичната бројка два, означувајќи ја возраста на нивната наследничка.

Родителите не го покажаа ликот на бебенцето, туку беше свртено со грб, а фотографијата е неодоливо слатка.

“Најмалите стапала оставаат најголеми отпечатоци во нашите срца” – напиша гордиот татко во описот.

За потсетување, Александар Белов во септември 2019 година заплови во брачните води со неговата избраничка Јелена Станковиќ, а бременоста ја чуваа во тајност.

To top