Промотер

Александар Арабаџиев ги претстави звуците на татковината преку „Јанино“ (ВИДЕО)

Александар Арабаџиев ги претстави звуците на татковината преку „Јанино“ (ВИДЕО)
Македонскиот етно-музичар Александар Арабаџиев (The ethno MC) за божиќните празници нè почeсти со нов видео запис на орото „Јанино“ од неговиот прв албум „Звукот на татковината“.

Видеото е снимано во на повеќе локации во радовишкото с. Брест, во продукција на „Киклоп продакшн“ од Скопје. Со многуте анимации и компјутерски ефекти тој цели да ја доближи традиционалната македонска музика и народните инструменти до младите генерации преку еден модерен приказ.

Александар моментно работи и студира во Виена, Австрија каде ги истражува музичките и културните идентитети на балканските заедници во Виена, но истовремено работи и на ширење на македонската традиционална музика и игра.

Преку курсеви при виенската висока академија VHS, не само македонските иселеници туку и сите австриски граѓани имаат можност да се запознаат со македонската традиционална музичка култура и изучуваат традиционални инструметни ора и песни.

Извор:РадиоМК

To top