Изгледа станува „непишано правило“ ако не сите, барем повеќето учеснички во реалното шоу „Задруга“ да влезат како стралети, а оттаму да излезат како пејачки!
Така, вчеравечер и Ана Кораќ реши да „пушти глас“, па како што седеше на црвениот троседот во дневната соба, одненадеж му запеа на своето момче Давид Драгојевиќ. Додека денес е популарно многу од „новокомпонираните“ пејачки на естрадата да користат аутотјун ефекти, овој пат на Ана Кораќ изгледа доволен и беше само хелиумот содржан во балонот кој беше наполнет со него, а таа упорно се трудеше да го надува.
Дали токму хелиумот и „удри в глава“ што и се јави порив да пропее се’ уште не е докажано, ама штом Кораќ запеа, сите учесници од „Задруга 3“ избегаа и ја напуштија просторијата.
Единствено нејзинот момче Давид мораше да остане за да „ужива“ цело време во „вокалните квалитети“ на Ана и нејзиниот обид за изведба на романтичната балада „Љубов“ од Катарина Живковиќ, со која Кораќ го потврди својот (анти)талент, докажувајќи дека е „оперирана“ и од глас и од слух.
Погледнете го видеото и слушнете како „завива“ Ана Кораќ: