Познатиот млад македонски актер, ТВ водител и пејач, Жарко Димоски ги живее едни од најубавите денови откако стана татко за првпат.
Додуша, убавото е измешано со низа передизвици кога се има бебе за првпат, но сите потреби на малиот Вито сега се во центарот скогаш и секаде.
Жарко и Андреа не сакаа пошироката јавност да знае да бременоста, а веќе два месеци се во проширен состав.
Неодамна ја објавија првата заедничка фотосесија од периодот кога невестата е бремена, па се до денот кога бебето е во нивните раце.
Откако поминаа првите денови од доаѓањето на свет, бебето сега веќе е подготвено за прошетки со мама и тато, а познатиот татко веќе почнма на социјалните мрежи да ги покажува и привите прошетки татко и син.
Овој пат, тато Жаре беше седнат во кафуле, дотеран и маркантен како и секогаш, самно со најубавото нешто во рацете- целиот свет за него по име Вито кој всушност на латински значи живот.
Гордост најголема и топење од љубов!
Фото: Инстаграм принтскрин/Жарко Димоски „Photo factory“