Радио Милева сериозни проблеми

Актерката од „Игра на Тронови“ се разведува од пејачот: Му роди две деца, сега ја обвинува дека ги запоставува (фото)

Актерката од „Игра на Тронови“ се разведува од пејачот: Му роди две деца, сега ја обвинува дека ги запоставува (фото)

Актерката Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас одлучија да се  разведат.

Актерката, позната како Санса Старк од серијата „Game of Thrones“, се разведува од пејачот Џо Џонас од групата The ​​Jonas Brothers.

Двојката која има две деца е во брак четири години, но сега на таа приказна и дојде крајот.

Џо (34) ангажирал двајца адвокати за развод, пишуваат американските медиуми, бидејќи во последните шест месеци имал „сериозни проблеми“ со Софи (27).

„Пипл“ пишува дека причина за разводот е тоа што пејачот „сам се грижи за двете деца“.

Не е познато што ја спречува Софи да учествува во грижата за нејзините две ќерки.

Актерката продолжи да работи во Холивуд и по „Game of Thrones“, но не е единствената зафатена, бидејќи Џо исто така моментално е на сред турнеја.

Двојката ја има тригодишната Вила, како и едногодишната ќерка чие име никогаш не е откриено во јавноста. Софи и Џо никогаш не сакале да споделат премногу детали од својот живот со „целиот свет“, поради што не го соопштиле името на помалото дете.

Тие не се појавуваа заедно на настани, а последните заеднички слики беа направени во Лондон во април. Ниту Софи ниту Џо сѐ уште официјално не објавиле дека се разведуваат.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top