Појавата на Анѓелка Прпиќ не престанува да се коментира, а промената е очигледна.
Анѓелка Прпиќ веќе извесно време важи за една од највпечатливите дами од српската јавна сцена. Изгледот на Анѓелка драстично се промени, ја скрати косата во популарен б„об“, го смени начинот на шминкање, а стилот што актерката го негува во последно време е еден од најфалените кога е модата во прашање.
Но, за потребите на една улога, Анѓелка Прпиќ го промени својот изглед. Надградба на коса, вештачки трепки и светла шминка направија актерката да изгледа гламурозно, а промената предизвика големо внимание на социјалните мрежи.
Многумина го пофалија нејзиниот нов имиџ, но имаше и такви во морето од коментари кои потврдија дека природниот, лежерен изглед на Анѓелка и понатаму е нејзиното најубаво издание.