Зимата и температурите под нулата се на чекор од нас, а овој аксесоар ќе ве стопли и ќе внесе ведрина во тмурните студени денови.
Трендот на големи, долги, предимензионирани шалови ниту оваа сезона не изостанува. Овој аксесоар ќе биде во фокусот оваа зима, а освен што ќе нè згрее во текот на постудените денови, тој ќе го надополни и секој стајлинг и ќе внесе ведрина во зимското сивило.
Ваквите модели на шалови лесно се вклопуваат во секој стил и одлично одговараат со спортски, но и елегантни комбинации.
Во тренд се еднобојните шалови во впечатливи нијанси, како и оние со интересни дезени, а на вас останува да го изберете оној модел кој најмногу ви се допаѓа.
Сè попопуларниот начин на носење на ваквите шалови го нагласува струкот и го трансформира целиот стајлинг. Сè што треба да направите е да го префрлите преку рамената, а потоа да го зацврстите со ремен околу струкот и ќе добиете интересен
извор: кармин.точка.мк