„Ако утре ме нема“ е последната и најнова песна на r&b дуото ДНК која уште по излегувањето стана хит кој се пушта во сите дискотеки, се врти по радиостаниците, а растат и прегледите на интернет каналот Јутјуб.
Панчо и Лазар Цветковски кои ја потпишуваат музиката, а Панчо и текстот, се особено горди што ова нивно дело го отпеа на српски јазик популарниот поп-фолк пејач Џенан Лончаревиќ.
Препевот пак, го направи Сергеј Ќетковиќ, а звучи доста оригинално на првосоздаденото.
За само два дена песната на Јутјуб има над сто илјади прегледи и доста ласкави коментари на оние кои само слушаат, но не обрнуваат внимание на авторството и тоа дека песната е препеана од македонски јазик, па сите заслуги отидоа кај Џенан.
Сепак, се најдоа и такви во коментари под видеото да потсетат дека песната е на македонското дуо ДНК и е преработка, а песната првично е македонска.
Вака или така, на нашите автори им одговара слушаноста, па Панчо и Лазар авторските права ќе ги добиваат од две земји.
Во продолжение преслушајте ја „Ако сутра ме нема“.
фото:Јутјуб принтскрин