Сувите петици се проблем на многу жени. Колку и да ги негуваме стапалата и редовно да посетуваме педикир, речиси никогаш не сме задоволни од ефектот. Мазни петици се сон на секоја жена. Оваа маска која можете да си ја направите во домашни услови е вистински рецепт за тоа.
Ова е рецептот:
– Истолчете еден аспирин.
– Додадете една кесичка лимонска киселина.
– Додадете малку топла вода и измешајте ја смесата.
-Намачкајте ги петиците, ставете најлони на нозете и облечете чорапи.
-Оставете да делува 15 минути. Потоа, излупете ја смесата, а мртвата кожа сама ќе испадне со неа.
– Намачкајте крема за стапала.
извор: Курир.мк