Живот и Стил

Ако пушите цигари и пиете алкохол, оваа вест мора да ја прочитате!

Ако пушите цигари и пиете алкохол, оваа вест мора да ја прочитате!

Алкохолот и тутунот глобално претставуваат поголема опасност за човековото здравје отколку нелегалните дроги – покажува едно големо истражување, објавено во списанието “Addiction”.

Во извештајот, насловен ” Глобална статистика за конзумирањето на алкохол, тутун и нелегални дроги”, во кој се користени податоци од СЗО, се собрани релевантни податоци од скоро целиот свет. Извештајот опфаќа 21 регион.

Податоците покажуваат дека на глобално ниво, 18% луѓе во текот на минатата година, секојдневно конзумирале дури 60 грама алкохол, а 15% од нив пушеле цигари. Околу 3,8% од нив се изјасниле дека конзумирале марихуана, 0,77% земале амфетамини, 0,37% опијати, а 0,35% кокаин.

Во извештајот се наведува дека во 2015 година, околу 63 милиони лица ширум целиот свет биле зависни од алкохол, а околу 20 милиони користеле марихуана. Во Сад и Канада, особено во областите каде луѓето имаат восоки примања, овој процент моментално е значително зголемен.

Највисоката стапка на морталитет се поврзува со пушењето. На секои 100 000 смртни случаеви во 2015 година, од нив 110 биле поврзани со пушењето, 33 поради конзумирање на алкохол, додека само 7 поради земање на нелегални дроги. Научниците пресметале и колку години живот изгубиле луѓето кои починале поради употреба на дрога, лекови, алкохол и тутун.

-Сепак, потребни се подобро стандардизирани и поригорозни методи за собирање и сортирање на податоци и извештаи со кои би можеле попрецизно да се процени поврзаноста помеѓу здравствената состојба на поединци и употребата на штетни супстанции ширум светот, сметаат научниците.

To top