Промотер

Ако не сте знаеле ова се „Саунд еџ“ со – „Знај“ (ВИДЕО)

Ако не сте знаеле ова се „Саунд еџ“ со – „Знај“ (ВИДЕО)

Скопскиот алтернативен рок-бенд „Саунд еџ“ (Sound Edge) деновиве го претстави својот нов сингл и видеото за него насловено „Знај“, со кој екипата започнува ново поглавје, истражувајќи нов звук и нова концепција што ќе биде пренесена на претстојниот, втор по ред студиски албум „SoundEdge Volume 2“.

Песната е снимена и миксана во студиото „Саунд еџ“, а мастерингот е направен во шведското студио „Декси мастеринг“ (DEXY Mastering).

Новата вокалистка на бендот, Валери Димовска одлично ја доловува емоцијата на песната, а сето тоа визуелно спакувано од страна на Петар Милиќ можете да го видите и слушнете во продолжение.

Извор:РадиоМК

 

 

 

 

To top