Конечно дојде лето и можеме да се пофалиме со топло време и високи температури. Сакаме целосно да ги искористиме топлите денови и да појдеме на плажа или базен, на прошетка во природа или да се искачиме на планина каде што воздухот е поладен. Кој и да е вашиот избор, вие треба да бидете заштитени од директното продирање на сончевите зраци на вашата кожа. Должни сте на вашата кожа да ѝ ја дадете потребната нега ова лето.
Правите грешка при нанесување спреј за сончање: Поради неа ниту фактор 50 нема да делува
Ако користите спрејови со фактор како заштита од штетното сонце, важно е да знаете правилно да ги нанесувате за тие добро да дејствуваат.
„Повеќето луѓе не го нанесуваат спрејот за сончање во доволна количина што е потребна за да ги заштити. Потребно е спрејот да се нанесе обилно, односно додека не стане видлив на кожата, за да може да се впие во кожата. Тој исто така треба и да се нанесува многу често. Потребно е спрејот да се прска околу шест секунди за да се нанесе во доволна количина. На пример, ако нанесувате фактор 45 само две-три секунди, реално добивате заштита со фактор 10 или 12“, напоменува њујоршкиот дерматолог Раман Мадан.
Се препорачува и комбинирање на лосион и спреј за сончање кој им е попрактичен на повеќето за употреба на плажа. Лосионот нанесете го уште пред да излезете од дома, а на плажа обновете ја заштитата користејќи спреј и правете го тоа на секои два часа.
Кога станува збор за заштита на лицето, спрејот за сончање никогаш не го нанесувајте прскајќи директно во лице за да го избегнете неговото вдишување. Спрејот обилно нанесете го на дланките и потоа намачкајте го на лицето.
извор: Кафепауза