Поаѓајќи од принципите на древните култури кои проучуваат различни сегменти на животот, а со тоа и бенките на телото, тешко е да се заобиколи хиндуизмот. Се верува дека бенките на одреден дел од телото означуваат некаква состојба или уште подобро, благосостојба во иднина. Големината, формата и бојата на бенките исто така имаат влијание врз античкото читање на нивното значење, а интересно е и ведското толкување. Според Ведите, ова се 12-те места каде што е добро да имате бенка затоа што таа претставува богатство, поседување поголема сума пари, како и можност за чести прекуокеански патувања.
1. Бенка на десниот образ
Личноста која има бенка на образот ќе стекне големо богатство многу брзо по својата свадба.
2. Бенка над усните
Луѓето што имаат бенка над усните се упорни и тврдоглави и ја постигнуваат својата цел полесно и затоа се збогатуваат многу побрзо од другите луѓе.
3. Бенка на носот
Ако бенката е на носот или веднаш до него, постои голема веројатност дека личноста ќе биде богат човек. Луѓето со бенка на носот ќе доживеат успех, здравје и напредок во кариерата.
4. Бенка на петата
Ретко некој да има бенка на петата, но луѓето кои ги имаат се склони кон чести патувања. Почесто во близина на својот роден град, но патувањето е патување, нели? Сепак, ни патувањата преку океанот не се реткост за овие личности.
5. Бенка на струкот
Ваква софистицирана бенка имаат луѓето што се навистина посебни. Иако сопствениците на бенки на струкот се чувствуваат незадоволно и немирно поголемиот дел од својот живот затоа што секогаш се стремат за нешто повеќе, истите тие луѓе честопати ќе бидат многу успешни и ќе постигнат многу.
6. Бенка помеѓу очите
Таканареченото „трето око“ означува богатство и задоволство. Исто така, луѓето што имаат бенка помеѓу и над очите ќе патуваат многу во животот.
7. Бенка на десната дланка
Ако сте едни од оние што имаат бенка на десната дланка, ќе го вкусите богатството на животот. Сепак, важно е и каде се наоѓа бенката. Ако се наоѓа на горната половина на дланката, лесно ќе стигнете до богатството, а ако се наоѓа на долниот дел на дланката, ќе треба да работите малку понапорно, но ќе бидете успешни.
8. Бенка на брадата
И покрај фактот дека луѓето кои имаат бенка на својата брада не се склони кон социјализација и дружење со голем број луѓе, сепак, тие ќе бидат многу среќни и ќе имаат избалансиран живот.
9. Бенка на папокот
Овие луѓе се вистински среќници затоа што ќе го поминат животот на полесен начин и лесно ќе стигнат до важните работи. Сопствениците на овие бенки се многу рационални во трошењето, освен кога станува збор за храната бидејќи се вистински хедонисти.
10. Бенка на десната страна на градите
Луѓето кои имаат бенка на ова место ќе уживаат во мирен живот со многу благодати.
11. Бенка во близина на увото или на десната страна на лицето
Без разлика дали бенката е блиску до увото или на работ на образот, сопствениците на таквата бенка ќе имаат исполнет и богат живот. Секако, услов е бенката да биде на десната страна на лицето.
12. Бенка на малиот прст
Не е важно дали бенката се наоѓа на малиот прст на десната или на левата рака, луѓето што имаат бенка на ова место едноставно ќе уживаат во животот и можеби ќе патуваат низ целиот свет.
извор:кафепауза.мк