Реприза е рок бенд од Ресен. Во овие тешки времиња за македонската музичка сцена, тие подготвија парче за љубителите на добрата музика.
Главен вокал е Мартин Димитриевски, а придружни вокали се Мартин Димитриевски, Ангела Трајчевска, Христијан Трајчевски. На тапан свири Борче Димовски, на гитара и бас Христијан Трајчевски.
„Шарен свет“ е нивната трета песна. Тесктот, музиката и аранжманот се дело на „Реприза“. Камерата и монтажата се дело на Александар Ризински. Костимограф е Ирена Боневска Чаловска.
Слушнете ја во продолжение и уживајте: