Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна претходната сабота, а како што најави директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ оваа година ќе има нови македонски кандидати.
Во првата емисија на првиот круг се појави и веќе добро познатиот учесник Стефан Величковски кој помина директно во вториот круг.
Во саботната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше 24 годишниот Филип Василевски од Скопје. Филип се претстави со песните „Једра“ од Саша Ковачевиќ и „Вежи ми за себе“ од Тоше Проески.
Веднаш кога започна со пеење, Јелена погоди дека станува збор за Македонец.
Mарија Шерифовиќ прва даде глас, а по завршувањето на неговите интерпретации тој имаше вкупно три гласа односно од Шерифовиќ, Ана Бекута и Ѓорѓе Давид.
Бекута го повлече својот глас истакнувајќи дека бил само награда за неговата изведба, а Марија и Ѓорѓе го потврдија гласот односно дека сакаат да бидат ментори на македонскиот претставник.
Меѓутоа, виситнски хаос настана кога Јелена Карлеуша се вмеша во целата дискусија.
„Толку се исплаши, не знам како може стравот да те победи. Ти звучеше како да си неси јадел“ вели Карлеуша и додава:
„Јас многу го сакам македонскиот јазик,многу ми е секси.Но повеќе сакам да го слушам. Ајде кажи ми на македонски: Ох, Јелена ти си најубавата жена на светот“ Јелена го замоли Филип да ја повтори оваа речиница на македонски.
Македонецот ја послуша Јелена, но таа не беше нешто премногу задоволна бидејќи како што вели немало емоции.
„Мора да работиш на емоциите. Ајде те молам повтори со повеќе емоции“ истакна Јеца.
Филип повторно истакна дека Карлеуша е најубава жена на светот, но пејачката не беше нешто многу задоволна.
Инаку, македонскиот кандидат ја одбра Шерифовиќ за ментор.
Како ќе се подготват за следниот круг и кои совети ќе му ги даде Марија на Филип останува да видиме.
Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 10:13.
https://www.youtube.com/watch?v=RtW0nmxLVHs