Бојан и Марија, членовите на скопското дуо „Ај Кју“ продолжуваат со обидите за освојување на музичката сцена надвор од Македонија со штотуку објавениот сингл „Love Me, Hate Me“. Тој e најнов во низата испеани на англиски јазик, започната со минатогодишниот евровизиски сингл „Lost And Found“. Она што особено може да се забележи во новата песна е влијанието на британскиот поп звук, што сигурно е резултат од нивниот претстој во Лондон, а токму таму денеска ќе се случи и премиерната изведба во живо.
Дуото изминатиов период беше актуелно и со синглот „Dancin“ како и со бројните гостувања ширум светот, во рамките на евровизиската турнеја низ Европа и Асвтралија.
Дали токму „Love Me, Hate Me“ ќе успее да ги лансира на престижната британска топ-листа, а и да им биде и мост до другата страна на Атлантикот, ќе дознаеме во периодот што следува.
Во меѓувреме уживајте во звуците на „Love Me, Hate Me“.