Радио Милева

Адријана Алачки со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот

Адријана Алачки со емотивна порака му го честиташе роденденот на синот

Денот на раѓањето е еден од најважните денови, посебно на нашите драги и блиски личности кои сакаме да ги израдуваме на тој ден.

Родендените може да ги прославиме со најмилите, со пријатели, роднини…со оние кои на тој ден ќе не насмеат, кои ќе ни го разубават денот.

Синот на водителката на „Вкусот на традицијата“, готвачката пејачката, Адријана Алачки го прослави роденденот на својот син.

Алачки на својот „Фејсбук“ му посвети емотивна порака со убави желби за синот Благоја.

„Синко, кога беше мал беше едноставно да си ги искажам желбите за тебе и остварам. На возраста на која си сега желбите на мајката се непроменливи, но се е во твои раце за нивна релизација. Одговорно и храбро пред сите само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди жив и здрав“ напиша Алачки на социјалните мрежи.

 

Во едно интервју за „Женски магазин“, водителката истакна дека нејзиниот син го наследил талентот од мзма и дека ќе ја наследи во кујна.

„Првите 200 емисии беа направени по рецептите од македонскиот традиционален готвач. Многу ретко се случуваше нешто да не се погоди, но „Вкусот на традицијата“ е емисија посветена на домашното готвење и е од народот за народот. Тоа верувам на сите им се случува, зависи од расположението, моменталното чувство и од други компоненти Готвењето за најмилите е љубов и ништо друго.Но, веќе работите се менуваат, доаѓаат следните генерации кои стануваат подобри мајстори во кујната од мене, а тоа е мојот син Благоја, кој секојдневно ме збунува со преубавите вкусови што тој ги создава во кујната“ изјави Алачки минатата година“.

За потсетувње, Алачки има две деца, ќерката Грациела која работи во банка и синот Благоја Груевски кој има завршено Правен факултет.

фото: Фејсбук

To top