Пејачката и ТВ водителка Адријана Алачки со години е домаќин на популарната кулинарска емисија „Вкусот на традицијата“ во која се негува традиционалната македонска кујна.
Адријана пред камери често има гости кои на гледачите им презентираат некој македонски рецепт, а овој пат Адријана имаше специјална гостинка пред камерите- нејзината ќерка Грациела.
За вештините во кунната на мама Адријана е добро познато, а сега и Грациела покажа дека го наследила талентот од мајка си.
Алачки на профилот на „Вкусот на традицијата“ ги објави заедничките фотографии од дружбата и подготовката на Грацина торта чиј избор не беше случаен.
На финалното слатко дело најрадосен беше синот и брат Баже кој исто така се фотографираше заедно со мајка си и сестра си пред да ја пресечат тортата.
-Мајка и ќерка!Грацина торта од готвачот а Баже обожава да ја јаде, пишува во описот на фотографиите.
Задоволството кога се подготвува за најмилите е уште поголемо, особено што Адријана тоа требаше да го покаже пред очите на јавноста.